Општина Центар: Дали апсењето на Шиповиќ е политичка хајка?
Тешко е да се поверува дека во распишувањето меѓународна потерница за Претседателот на Советот на општина Центар и Претседател на ОО СДСМ – Центар нема намерна и смислена тенденција. Затоа и во домашната и во меѓународната јавност се наметнува прашањето дали е случајна хајката и прогонот кон Претседателот на Советот на општина Центар.
Како што е познато, во Советот на општина Центар мнозинството со 1 советник го има коалицијата предводена од СДСМ.
Поддржувајќи ги сите законски потези на државата и ненавлегувајќи во работата на органите на прогонот, јасно е дека со сите досегашни потези и континуирани напади од самиот избор на новото раководство на општина Центар, власта покажува дека не може да се помири со губењето на власта во општината и со губењето на довербата од граѓаните.
Јавноста затоа е во дилема, дали исто органите на државата ќе постапеа на ист начин и кон Претседател на Совет на било која општина со која раководи ВМРО – ДПМНЕ?
Дали законите во Република Македонија се применуваат селективно?
(Интегрален текст од писмена реакција на општина Центар)