Се уредува просторот околу саат-кулата во Прилеп

Денеска официјално стартуваа  градежните работи за уредување на околината на градскиот саат во Прилеп.

Градоначалникот на Прилеп, Марјан Ристевски, изјави дека 

станува збор за уредување на околу 2.000 метри квадратни во духот на традицијата, но и на современото.

- Опкружувањето на најзначајното обележје на Прилеп, градската саат кула ќе има повеќе урбани содржини - канделабри, гранитни патеки, лозници и елементи што ќе направат спој на минатото, но и на иднината на градот. Саат кулата која е накривена и е своевидна туристичка атракција ќе се надополнува со опкружувањето, изјави градоначалникот Ристески.

- Ги прифативме добронамерните предлози и забелешки на оние кои се секогаш дел од градското живеење, духот на градот за да се направи тој автентичен спој на минатото и иднината, на традицијата и современото. Ова е срцето на Прилеп и мора да ги спојува сите патишта и улици во централното подрачје, вели архитектот Бранко Нешкоски, раководител на ЈП за урбанистичко планирање при локалната самоуправа, чие е и идејното решение за уредувањето на околината на градскиот саат.

09.10.2013 - 15:42
Фото: 
А1.он

најчитано сега