Ахмети ја заврши посетата на Холандија - денеска заминува во Брисел

 

Денеска завршува посетата на лидерот на ДУИ Али Ахмети во Холандија. Ахмети денеска се сретнал со членови на парламентарната комисија за европски прашања и со претставници на сите холандски парламентарни партии на кои им се заблагодарил за придонесот и поддршката кои и ја даваат на Македонија.

Ахмети ја истакнал потребата да се реши спорот со името, и ги поздравил ставовите на холандскиот министер за надворешни таботи Франс Тимерманс за превземање конкретни чекори во правец на постигнување на здрав дијалог меѓу Македонија и Грција.

Инаку, заедно со Ахмети во Холандија е и Фатмир Бесими, а денеска и двајцата заминуваат на средби во Брисел. Денеска ќе има состаноци во службата за надворешна и безбедносна политика на ЕУ, во Германското Постојано преставништво при НАТО, во Центарот на независни дипломати, како и со новоименуваниот директор за проширување на ЕУ, Кристиан Дениелсон.

09.10.2013 - 11:31
Фото: 
либертас

најчитано сега