Заменик-министерот за образование на форум во Австрија

Македонскиот заменик-министер за образование и наука, Сафет Незири, ќе престојува во дводневна посета на Австрија.

За време на посетата предвидено е заменик-министерот за образование и наука да учествува на регионална конференција за јавни политики за развој на човечките ресурси „Форум на лидери во политиките - Западен Балкан и Турција“ во Салцбург.

-  На конференцијата ќе биде отворен дијалог меѓу лидерите на политиките од Западен Балкан и Турција, со цел да се поддржи развојот на јавните политики во согласност со националните, регионалните и европските цели, информира Министерството за образование и наука. 

09.10.2013 - 10:18
Фото: 
Плусинфо

најчитано сега