Џафери се сретна со новото одбранбено аташе на Грција во Македонија

Денеска министерот за одбрана на Македонија се сретна со досегашното и новопоставеното одбранбено аташе на Република Грција во Република Македонија.

Џафери на средбата со полковникот Христос Поулијанитис и полковникот Николаос Арабацис се осврнал на модусите за развој на меѓусебната соработка која се базира на воена обука и едукација, јазична обука и друго.

- Единствено преку заеднички средби и контакти, како и преку развој на соработката на билатералнo и регионално ниво, може да се дојде до решение за секое отворено прашање, посочил Џафери на средбата.

08.10.2013 - 15:23
Фото: 
Кајгана

најчитано сега