"Ако најдевме богатство тоа ќе беше на државата" - Паско Кузман ја даде својата одбрана
Денеска во Кривичниот суд продолжува судскиот процес за случајот „Фаланга 2" во кој му се суди и на директорот на управата за заштита на културното наследство, Паско Кузман.
Како што пренесува Нова Македонија денеска во судот Кузман ја дал својата одбрана. Паско изјавил дека обвинителството ги менувало тезите и дека во копањето на Катлановско и Делчевско се барало закопано богатство и се било законски спроведено, а доколку се нашло нешто, тоа ќе и било предадено на државата.
Инаку, Паско се товари за злоупотреба на својата службена положба.
08.10.2013 - 11:16
Фото:
Плусинфо