Ново место за шопинг - LC Waikiki отвора продавница во Скопје

 

LC Waikiki, најбрзо растечкиот турски бренд и лидер во текстилната индустрија, денеска отвора своја прва продавница во Македонија, која ќе биде лоцирана во трговскио Скопје Сити Мол.

 - „Македонија е возбудлива бизнис можност за LC Waikiki. Во пресрет на лансирањето на LC Waikiki во Скопје добивме позитивни одговори за тоа дека во оваа земја бредновите се силно прифатени.“Ние сме многу задоволни што, конечно, имаме можност директно да се грижиме за нашите потрошувачи во Скопје“, вели YenalGokyildirim, менаџер на LC Waikiki International Retail.

 Мисијата на LC Waikiki е да обезбеди квалитетна, стилизирана облека и модни додатоци за жени, мажи, тинејџери, деца и бебиња по пристапни цени под брендот на LC Waikiki, изразени преку мотото  „Секој заслужува да се облече добро“.

 Инаку, LC Waikiki е турска приватна компанија основана во 1985 година во Франција. Компанијата, моментално, има 380 продавници низ Турција и повеќе од 60 продавници во светот.  Со континуираните инвестиции во проширувањето на меѓународната мрежа за трговија на мал, LC Waikiki настојува да отвори 400 продавници во 40 земји во светот до 2017 година и да работи профитабилно во наредните неколку години. Компанијата цели да биде меѓу првите три модни брендови во трговијата на мало во Европа до 2023 година. - - -

 

LC Waikiki поседува 380 продавници низ Турција и повеќе од 60 меѓународни продавници и вработува околу 20.000 луѓе. Освен  франшизата за Саудиска Арабија и Иран, сите LC Waikiki продавници се во сопственост на компанијата.LC Waikiki има продавници во Азербејџан, Босна и Херцеговина, Бугарија, Египет, Грузија, Иран, Ирак, Казахстан, Косово, Мароко, Полска, Романија, Русија, Саудиска Арабија, Сирија и Украина. Компанија цели да биде меѓу првите три модни брендови во Европа до 2023 година.

08.10.2013 - 09:57

најчитано сега