Поранешна тенисерка „удри“ по Новак: „Федерер е секогаш природен и културен, а Ѓоковиќ е фолирант“

 

Меѓу многумината кои го коментираа неспортското однесување на британската публика кон Новак Ѓоковиќ е и Барбара Шет Игл, поранешната австралиска тенисерка.

Четириесет и тригодишната Барбара, која работи на ТВ - програмата „Еуроспорт“, смета дека самиот Ѓоковиќ е виновен што не е омилен кај публиката, што не е случај и со неговите ривали.

Причина зошто Новак во финалето на Вимблдон немаше поддршка како Федерер лежи во тоа што не е доволно природен. Како во онаа ситуација кога на крајот јадеше трева. Сето тоа изгледа исценирано и луѓето тоа го чувствуваат. Тој едноставно не го прави тоа природно како Федерер, поради што секогаш остава горчлив вкус. Сепак, Федерер емиленик на публиката. Највозрасен играч, многу постигна во кариерата и секогаш е културен и на место. Од човечка страна, се почесто ги сакаат повозрасните тенисери, смера Шет, која своевремено беше седма тенисерка на ВТА листата.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

18.07.2019 - 20:06

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега