ВИДЕО: Најемотивниот момент во Вимблдон - Ѓоковиќ го подигна пехарот, па отиде да го бакне синот Стефан
Новак Ѓоковиќ го победи Роџер Федерер во финалето на Вимблдон, го подигна пехарот, а потоа побрза радоста да ја сподели со најмилите.
Неговите родители, Дијана и Срѓан, со чичкото Горан, мечот го следеле од неговиот бокс, со стручниот тим на чело со Маријан Вајд.
Синот на Новак, Стефан беше на трибините и трпеливо го чекаше својот татко.
Кога ги заврши сите формалности на Централниот терен, Ѓоковиќ истрча во прегратка на синот и го бакна додека Стефан си играше со пехарот.
Ноле го убедуваше својот наследник на оди со баба му и дедо му, додека тој се истушира и отиде на конференција за медиуми, меѓутоа, на човекот кој после 5 часа борба да го струпши Федерер, син му му кажа „не“.
Новак попушти и го зема Стефан во соблекувалната.
Погледнете:
Novak i Stefan pic.twitter.com/I65hdjy9xk
— Drustvene mreze (@drustvenidrug) July 14, 2019
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа