Евростат: Зголемен наталитетот во полошкиот и скопскиот регион
Објавената регионална годишна книга за 2013 година на Евростат покажува дека во Македонија во скопскиот регион се раѓаат по 5,3 повеќе лица во однос на починати, а во плус и тоа за 3,5 лица е и полошкиот регион од Република Македонија.
Со анализите се опфатени 28-те земји-членки на Унијата како и земјите на Европската зона за слободна трговија и земјите-кандидати како Македонија, Црна Гора и Турција.
Според податоците во Источниот и Пелагонискиот регион на Република Македонија е намален наталитетот. Во Источниот регион умираат дури 3,4 лица повеќе во однос на родените, додека во Пелагонискиот соодносот е 2,8 повеќе умрени од родени.
Најголема позитивна стапка на наталитет има во турскиот регион Билечик, каде има 110 повеќе родени од починати.