Поранешниот грчки министер прогласен за виновен за корупција

 

 Денеска  судот во Атина го прогласи поранешниот грчки министер за одбрана Акис Цохаѕопулос за виновен за перење пари, по петмесечното судење во најголемиот корупциски скандал во Грција.

Цохаѕопулос, кој беше важна фигура во поранешната Влада на социјалистите, е прогласен за виновен заедно со уште 16 од вкупно 18-те негови соработници, кои беа обвинети во рамките на оваа афера. За виновни се прогласени и неговите сегашна и поранешна сопруга, како и ќерката.

Изрекувањето на пресудата се очекува утре.

Во април судот го осуди Цохаѕопулос  на осум години затвор поради поднесување лажни извештаи за имотот. Исто така, е наредено конфискување на неговата луксузна вила во центарот на Атина.

 

07.10.2013 - 12:23

најчитано сега