Дејвид мета на критики: “Фуј Бекам, треба да одиш во затвор”

 

Пензионираниот фудбалер Дејвид Бекам веќе со години е на мета на критики поради бакнувањето во уста со своите деца. Последната фотографија ги згрози неговите обожаватели, а повеќе коментатори се сложиле дека однесувањето на Дејвид е непристојно и настрано.

Во текот на фудбалскиот натпревар помеѓу Англија и Норвешка, Бекам пред неколку илјади луѓе ја бакнал својата ќерка Харпер во уста.

Заедно со бабата Сандра, семејството Бекам славело со англиските фудбалерки кои се изборија во полуфиналето на Светското првенство во Франција, победувајќи во Авр со 3:0.

“Фуј. Колку е ова одвратно? Јас за ваквото однесување би доделувал парични, а може и затворски казни. Секогаш сум се згрозувала од родители кои го прават ова со своите деца”, се само некои од коментарите на Твитер.

Пред две години ја нападнаа и Викторија Бекам и тоа поради истата работа. Викторија објавила фотографија од бакнеж со својата ќерка како роденденска честитка за Харпер и со тоа поттикнала расправија која предизвика лавина од коментари.

Една година по неа, Дејвид ја бакна својата ќерка во уста, а потоа се бранел објаснувајќи дека сите деца ги бакнува на истиот начин освен Бруклин, додавајќи дека тоа ќе престане да го прави кога останатите деца ќе станат тинејџери.

“Многу сум близок со своите деца и сите ги бакнувам на истиот начин освен најстариот син Бруклин. Тој има 19 години и тоа би било многу чудно” , изјавил поранешниот фудбалер во една прилика.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

28.06.2019 - 22:11

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега