Од четврток повисоки температури но и врнежи - неделна временска прогноза

Во Македонија во понеделник во текот на денот ќе биде умерено облачно со кратки сончеви периоди.Попладне во западните, северозападните и југозападните предели со услови за локален дожд. Ќе дува слаб југоисточен ветер. Утринските температури ќе се движат од 1°C до 11°C, а максималните дневни ќе достигнат до 12°C односно до 22°C, јавува специјализираниот портал за временскапрогноза, Weather4All

Во Скопје во понеделник ќе биде умерено облачно со повремени кратки сончеви периоди. Ќе дува слаб југоисточен ветер. Утринската температура од 7°C, а максималната дневна температура ќе достигне до 18°C.

Во вторник во утринските часови ќе има појава на магла, а во текот на денот ќе биде претежно сончево со локална облачност, во западните предели умерено облачно со повремени сончеви периоди, ветровито и потопло. Ќе дува умерен јужен и југоисточен ветер. Утринските температури од  4°C до 13°C, а максималните дневни температури ќе се движат од 14°C до 24°C.

Во среда ќе биде претежно облачно и нестабилно со слаби врнежи од дожд и посвежо. Ќе дува умерен јужен и југоисточен ветер. Утринските температури ќе се движат од 5°C до 14°C, а максималните дневни ќе бидат во опаѓање и ќе се движат од 10°C до 20°C.

Во четврток претпладне ќе биде умерено облачно со сончеви периоди, попладне разведрување и ќе преовладува претежно сончево и потопло време. Утринските температури како и дневните ќе бидат во пораст. Ќе дува умерен јужен и југоисточен ветер, а во западните предели ќе дува умерен југозападен ветер. Ветерот понекаде ќе достигне брзина и до 25 км/ч. Утринските температури ќе се движат од 6°C до 15°C, а максималните дневни температури ќе се движат од 15°C до 25°C.

Во петок во Македонија ќе биде претежно сончево, ветровито и топло. Ќе дува умерен јужен и југоисточен ветер, а во западните предели ќе дува умерен југозападен ветер. Ветерот понекаде ќе достигне брзина и до 25 км/ч. Утринските температури од 5°C до 14°C, а максималните дневни температури ќе достигнат до 17°C односно до 27°C. 

07.10.2013 - 11:23

најчитано сега