Македонија го одбележува Светскиот ден за пристојна работа

 

Сојузот на синдикатите на Македонија, Конфедерацијата на слободни синдикати и Унијата на авономни и независни синдикати, денеска со семинар и со заедничка прес-конференција, по шести пат ќе го одбележат 7 Октомври - Светскиот ден за пристојна работа.

Во 2007 година, согласно Агендата на Меѓународната организација на трудот од 1999 година, организациите Global Progressive Forum, Social Alert, Solidar, како и Европската конфедерација на синдикатите (ЕТУЦ), со цел враќање на достоинството на трудот, формираа Алијанса за достоинствен труд.  Меѓународната конфередација на синдикатите (ИТУЦ) од 2008 година, 7. Октомври го прогласи и го одбележува како Меѓународен ден за пристојна работа, или за достоинствен труд.

Речиси 100 земји во светот денеска го одбележуваат Светскиот ден за пристојна работа.

07.10.2013 - 09:32

најчитано сега