Алили: Мојот сон е да освојам медал на Олимписки игри
Македонскиот борач, Бесар Алили, кој пред неколку дена стана европски шампион во слободен стил во категорија до 48 килограми, пред неколку илјади граѓани на плоштадот „Скендербег“ во Скопје изјави дека неговиот сон е да освои златен медал на Олимписки игри, пренесе „А1 ОН“.
– Господ многу ми помогна да се вратам во игра и да победам во финалето. Имав доверба дека ќе победам и ова не е ништо, сега мојот сон е настап на Олимписки игри и таму да освојам медал“, изјави Алили.
Меѓу присутни биле и градоначаликот на Скопје, Петре Шилегов и градоначалникот на општината Чаир, Висар Ганиу.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа