Трагедија во Копривница, почина ракометар
Поранешниот голман на Копривница, 40-годишниот Звонимир Чмарко е пронајден мртов во семејната куќа, пренесува Подравски.
Засега се непознати причините за смртта на голманот која како бомба одекна во спортскиот свет.
Познато е само дека бил пронајден од членовите на семејството во семејната куќа.
Сите детали ќе ги даде обдукцијата.
Тој долги години беше чувар на мрежата на Копривница.
20.06.2019 - 08:47
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа