Регулаторна ги соопшти новите цени на горивата кои важат од полноќ - полнете резервоари
Почнувајќи од ноќеска на полноќ нафтените деривати ќе се точат по речиси идентични цени како и претходната недела.
Мала корекција бележи само „Супер 95“ со кој возачите ќе полнат резервоари по цена од 67 денари, додека „Супер 98“ не бележи промени и останува 69 денари за наточен литар гориво.
Останатите нафтени деривати ќе се точат по цени исти како претгодната недела.
Новите цени на нафтените деривати РКЕ ги пресметува по д новата методологија за формирање на малопродажните цени на дериватите.
17.06.2019 - 17:47
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа