Нова цена на горивата во Македонија - РКЕ утре со одлука
Од понеделникот за три денари се намалија ЕУРОСУПЕР 95 и ЕУРОСУПЕР 98, а дизелот и екстра лесното масло за домаќинство за два ипол денари, така одлучи Регулаторната комисија за енергетика.
Согласно оваа одлука, новата цена на ЕУРОСУПЕР 95 изнесува 66,50 ден/лит, а ЕУРОСУПЕР БС-98 ќе се продава по цена од 69 ден/лит. Малопродажната цена на дизелот е 60 ден/лит, додека
на Екстра лесното масло за домаќинство изнесува 49,50 ден/лит.
Со оваа најнова одлука, се изврши намалување на малопродажните цени на нафтените деривати во просек
за 4,18 проценти.
По продолжениот викенд нова цена на горивата. Останува да видиме дали РКЕ ќе ги намали или зголеми цените.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа