Виница: Од арамија стана милионер
Вчера попладне, засега непознат сторител ја ограбил куќата на 35 годишниот Л.Д. во виничкото село Лески. Крадецот ја извадил мрежата поставена на прозорот од куќата, влегол внатре, ги пребарал собите, го земал богатството на Л.Д. и избегал.
Според информациите на полицијата, крадецот украл 12.000 евра, 2.600 денари и поголема количина златен накит, збогатувајќи се за околу 1.020.000 денари. Полицијата трага по сторителот.
06.10.2013 - 11:04