Вечерва сите на плоштадот „Македонија“ - ѕвездено небо во чест на нашиот Тоше

 

Вечерва со почеток во 19:30 часот, на плоштадот „Македонија“ ќе се одржи петтиот музички хепенинг „Биди и ти дел од ѕвезденото небо на Тоше“.

- Дојдете да ја исполниме неговата желба, секоја година да не има во што поголем број. Заедно да се сеќаваме, пееме и да го славиме животот на нашата најголема музичка легенда Тоше Проески. Тагата никогаш нема да запре, но неговата големина секогаш ќе ги грее нашите срца, соопшти фан-клубот на Тоше.

Ѕвезденото небо традиционално се одржува на 5. октомври во сеќавање на последниот концерт на најголемата македонска музичка ѕвезда, одржан на 5 октомври 2007 година на Градскиот стадион во Скопје. Оваа година хепенингот е преместен за 6. окотомври, бидејќи вчера во центарот на Скопје се одржи манифестацијата „Бела ноќ“.

Во Домот на АРМ вчера од 9 до 18 часот беше организирана и крводарителската акција „Јас штотуку спасив живот, а вие?", на која имаше изложба на уметнички слики со ликот на Тоше од младиот уметник Александар Поповски.

- Хуманоста не смее да биде наша обврска, хуманоста треба да стане наше задоволство и духовна храна. И овојпат да покажеме дека во Скопје и Македонија живеат граѓани кои на дело ја изразуваат својата хуманост следејќи го примерот на нашиот Тоше, велат обожавателите на Тоше. 

06.10.2013 - 10:29

најчитано сега