Вардар ќе игра и следната сезона: Откриено колку пари заработи клубот од освоената титула
Ракометарите на Вардар по вторпат во клупската историја ја освоија титулата во Лигата на шампионите, иако никој не веруваше во нив и малкумина им даваа шанси за вакво чудо, а „Ракомет24“ откри колку пари заработи клубот.
Иако иднината на Вардар беше ставена под знак прашалник, сега веќе не е така, па јасно е дека македонскиот тим и во следната сезона ќе биде спремен за големи дострели.
Од ИХФ парите допрва треба да се заработат. Со освојувањето на титулата, Вардар се пласираше и на Супер Глоуб, па ако одигра таму добро и стигне до титулаата може да добие 355.000 евра. За второ место премијата е 225.000 евра, додека за трето е 135.000 евра.
15.000 евра – премија од Неуромедика
135.000 евра – пласман на Ф4
500.000 евра – освојување на титула
500.000 евра – премија од Владата на Македонија
100.000 евра – премија од Град Скопје
100.000 евра – премија од АМС
135.000 – 355.000 евра – премија од Супер Глоуб
Сите овие суми се вкупно најмалку 1.485.000 евра, а доколку Вардар ја освои титулата на неофицијалното светско првенство Супер Глоуб може сумата да биде 1.705.000 евра.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа