Карачиќ: Нека се запрашаат сите од Владата дали треба едно вакво чудо да се пушти

 

Игор Карачиќ во финалето со Веспрем го одигра последниот меч во вардаровиот дрес, а Хрватот на најдобар можен начин се збогува од тимот – како европски првак.

„Не можев да замислам подобар крај…односно можев да останеше Вардар нормален, да бевме и ние сите заедно и тогаш немаше да има подобар крај… Колку што е ова еден од најсреќните денови во мојот живот, исто така е и многу многу тажен. Последен меч за Вардар, последно делење на соблекувалната со моите момци, зборувањето со вас, новинарите во името на Вардар… едноставно многу е тешко. Драго ми е дека успеавме да ја освоиме титулата, дека моите играчи се пресреќни затоа што знам колку труд и работа е вложено оваа година, со оглед на тоа дека имавме многу многу проблеми и со повреди и со финансии, секогаш се враќаме на истото. На овие момци треба да им се крене споменик! Нема зборови за ова. Дали Македонија може да има подобар амбасадор од РК Вардар, па нека се запрашаат сите од Владата дали треба едно вакво чудо да се пушти“, изјави Игор Карачиќ.

 

 

 

 

Добивајте вести на Viber

03.06.2019 - 13:57

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега