Самсоненко: За каков крај зборувате, со Вардар ќе освојам и трета титула

 

Сопственикот на Вардар, Сергеј Самсоненко е презадоволен од сработеното на ракометарите на Вардар и секако на европската титула која Македонија ја направи горда.

- „Зошто сите зборуваат за некаков крај на Вардар? Зошто сите мислат дека ја знаат ситуацијата во Вардар? Никој не ја знае ситуацијата најдобро бидејќи сето тоа се само гласини, сплетки… Вистинската информација која е точна е дека освоивме втора титула во третото учество во Келн и не е така лошо бидејќи можевме три од три. Не успеавме лани, па сега Вардар треба да почне со работа за четврто учество во Келн и за трета титула“, изјави Самсоненко после освоената круна, јавува 24ракомет.мк.

Во однос на писмото кое го објави пред Пик Сегед дека ќе си замине од клубот исто така со интересен одговор.

- „Ние игравме добро против Пик Сегед и имавме резултат. Што и како се случуваше друго останува во клубот“, изјави Самсоненко.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

03.06.2019 - 08:12

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега