Големата Барселона повторно на колена,Вардар во финалето на Ф4 во Келн

 

Реприза од пред две сезони во Келн,македонскиот ракометен шампион Вардар ќе игра во големото финале во Лигата на шампионите.

Хероите во црвено црни дресови во вистински инфаркт меч во Келн во полфиналето ја доби големата Барселона со 29-27 и по втор пат во историјата ќе ира за титулата во ракометна Европа.

Комплетниот тим на Вардар заслужува честитки за овој херојски потег. Црвено црните вечерва се извлекоа од скоро загубена ситуација од негатива од седум голови и во супер неизвесна завршница ја добија психолошки декласираната Барселона.

Криштопанс со 10 голови го водеше Вардар кон триумфот со голема помош од соиграчите посебно од неверојатниот голман Милосављев кој полуфиналето го заврши со импозантни 19 одбрани.

По денешниот пораз кој многу наликува на оној од пред две години на ова исто место, ракометарите на Барселона кој во групната фаза остварија два победи против Вардар ќе имаа комплекс од нашите ракометари во црвено црни дресови.

Македонските воини полни со самодоверба  во 55 минута по првпат стигнаа до позитива која до крајот со маестрална игра на двата краја од теренот ја сочуваа за голем триумф и пласман во утрешното финале од 18 часот во Келн каде ги очекува унгарскиот првак Веспрем.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

01.06.2019 - 20:13

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега