Најсекси опрема во историјата на тенисот: Сите со нетрпение чекаат да ги гледаат нејзините натпревари (ВИДЕО)
Романката Сорана Кирстеа мами воздишки на турнирот во Нинберг чекајќи го почетокот на Ролан Гарос. Освен тоа што се пласираше во полуфиналето на турнирот во Нинберг каде што во три сета ја победи Нина Стојановиќ, Романката Сорана Кирстеа се нашла во центар на медиумите заради нејзиниот секси изглед на споменатиот турнир.
Кирстеа која важи за една од најсекси тенисерките во претходното коло го играше својот натпревар во тесни црни хеланки. Доволно тесни што секоја линија од телото може да се изрази, но и коментаторот на натпреварот во преносот во живо да праша:
„Луѓе, дали ова е најсекси опрема во историјата на тенисот?“
Затоа не е ни чудно што љубителите на тенисот ширум светот со нетрпение го чекаат настапот на Сорена Кирстеа на Ролан Гарос, а истиот започнува во недела.
Кирстеа моментално е 93-та тенисерка на светот и ќе се најде во главната жрепка, а најдобриот резултат во Париз го остварила во 2009-та година кога стигнала до четвртфиналето.
Тоа воедно е најдобриот нејзин резултат на Грен слемовите во нејзината кариера.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа