На Грција потребна и е уште една финасиска помош
Директорот на Европскиот стабилизациски механизам Клаус Реглинг изјави дека на Грција и е потребана уште една финасиска помош во 2014 година.
- Грција ќе има потреба од трет пакет финансиска помош во 2014 година, изјави Реглинг во интервју за весникот „Ханделсблат“.
Според Реглинг Атина нема да може сама да обезбеди пари во 2014 година за пополнување на буџетските дупки, поради што ќе има потреба од нов пакет финансиска помош. Одлуката за тоа треба да ја донесат министрите за финансии од еврозоната, нагласи тој.
04.10.2013 - 14:08