Македонија и Обединетото Кралство ја продолжуваат соработката во областа на мирот и безбедноста

Денеска македонскиот заменик-министер за одбрана Емил Димитриев оствари средба со досегашното и новопоставеното одбранбено аташе на Обединетото Кралство во Република Македонија, полковникот Филип Осмент и потполковникот Ричард Џон Пери, во просториите на Министерството за одбрана.

На средбата станало збор за продолжување на одличната соработка, реформските процеси во Министерството за одбрана и АРМ, како и придонесот на армијата во меѓународните мировни операции. Соговорниците констатирале дека Македонија е отворена за соработка на сите полиња.

Од своја страна заменик-министерот Димитриев се заблагодарил за досегашната поддршка на Обединетото Кралство кон напорите на Република Македонија за интеграција во евроатлантските структури.

04.10.2013 - 13:03
Фото: 
Денешен

најчитано сега