Почина едно од повредените лица во страотната сообраќајка на патот Штип - Кочани

Едно лице го загуби животот во страотната сообраќајна несреќа која утрово околу 9 часот се случи во на регионалниот пат Штип - Кочани. 

Како што јави МИА, до несреќата дошло кога се судриле „матис“ и „пикап“, при што биле повредени четири лица, а за нивното вадење од возилата интервенирале и пожарникарите.

Лицата биле веднаш пренесени во Клиничкиот центар во Штип, но за жал едно од повредените лица им подлегнало на тешките повреди, иако докторите се бореле за неговиот живот.

Полицијата врши увид на местото настанот. Сообраќајот е сеуште во прекин.

04.10.2013 - 11:18
Фото: 
А1.он

најчитано сега