Утрово беровчани се разбудија на минус пет степени
Утринава жителите на повеќе градови низ Македонија се разбудија на температури под нулата.
Како што пренесе Курир, ова утро биле измерени минус пет степени во Берови, минус три во Маврово, а температурите под нулата биле и во Крива Паланка и Лазарополе.
Инаку, и за утре е најавено дека утринските температури ќе бидат под нулата.
Во текот на денешниот ден во Македонија ќе биде стабилно и суво. Минималната температура ќе се движи од минус три до шест, а дневната од 12 до 18 степени.
Во Скопје слично време, со утринска темепратура до еден и со дневна до 14 степени.
04.10.2013 - 11:11
Фото:
Лидер.мк