Бакрачески: Говорот на Груевски во Њујорк беше најаргументираниот говор на македонски политичар

Градоначалникот на Охрид, Никола Бакрачески, кој беше во посета на САД изјави дека говорот на претседателот на македонската Влада, Никола Груевски, пред Генералното Собрание на ОН, бил најаргументираниот говор кој некој политичар до сега го искажал од јавна говорница.

-Нескромно е ако кажам дека чест и задоволство е да се присуствува на најдобро структурираниот,најаргументираниот и најиздржаниот говор што било кој македонски политичар до сега го искажал од јавна говорница, потенцира Бакрачески, пренесе Курир.

Инаку, градоначалникот со свои презентации беше дел од светскиот симпозиум  по интервентна кардиологија во Њујорк.

-Беа претставени наши доктори од клиниката  за кардиологија а беше и успешно претставен и програмот за кој што можам да кажам дека Македонија е  лидер и во регионов и пошироко по застапеност на бројот на процедури кои се изведуваат  по  транс радијален пат. Во минатото како што и знаете сите процедури во интервентна кардиологија   се изведуваа  транс венерално  односно преку нога. Сега ние сме лидери во регионот по извадување на тој процес преку рака. Токму тој симпозиум беше наменет за сите аспекти на изведување интервенции по транс радијален пристап, изјави по враќањето Бакрачески.

04.10.2013 - 10:54
Фото: 
Нетпрес

најчитано сега