Дачиќ: Србија ќе биде 29-та членка на ЕУ

 

Премиерот   Ивица Дачиќ верува дека Србија ќе биде прва наредна членка на ЕУ. Тој во интервју за Си-Ен-Ен, изјави дека Србија ќе биде следна, 29-та членка на ЕУ, бидејќи тоа е потребно и на Србија и на ЕУ.

Дачиќ изрази очекување дека Србија ќе биде примена во следните десет години. Што се однесува пак до прашањето за проблемот со Косово, тој изјави дека не е лесно да реши овој проблем , бидејќи таму работите „отишле предалеку“.

„ Многу подобро и поправично решение можеше да се најде порано, со што ќе ја избегневме војната и напнатоста во регионот. Тоа, меѓутоа, не е дел од нашиот актуелен дијалог“, рече Дачиќ.

„Тоа е една од причините поради кои водиме отворен дијалог со Приштина за да ги нормализираме односите и да ги решиме проблемите пред приемот во ЕУ. Но тоа не значи промена на политиката кога се работи за признавање на независноста на Косово“, истакна Дачиќ.

04.10.2013 - 10:49

најчитано сега