Маскирани разбојници ја ограбиле експозитурата на Централна кооперативна банка во Росоман

Крадците не запираат. Утрово маскирани разбојници извршиле грабеж во експозитурата на Централна кооперативна банка во Росоман.

Како што изјавува портпаролот во СВР Велес, Анита Стојковска за МИА, утрово во осум часот и пет минути непознати маскирани лица облечени во црно со фантомки на главите, влегле во банката и со закана по животот на вработените успеале да украдат одредена сума пари.

Полицијата врши увид на местото на настанот и работи на откривањето на сторителите.

04.10.2013 - 09:44
Фото: 
Региони.мк

најчитано сега