Украле лаптоп од паркирано Ауди - притвор за двајца скопјани

Двајца скопјани синоќа извршиле кражба од Ауди паркирано во кругот на  Државниот универзитет во Тетово.

Како што пренесе МИА, работи за 24-годишниот Е.Џ. и 31-годишниот А.С. кои вчера околу 14 часот пристигнале во кругот на  Државниот универзитет во Тетово со автомобил марка  „Опел корса“, излегле од автомобилот и се упатиле кон паркираното Ауди, со погоден клуч го отклучиле и од внатрешноста на автомобилот зеле чанта со лаптоп компјутер. Двајцата скопјани додека ја извршувале кражбата биле забележани од страна на обезбедувањето, па влегле во својот автомобил и заочнале да бегаат, а при тоа му ја повредиле раката на еден од вработените во обезбедувањето.

Сторителите на полицијата и се познати како извршители на повеќе кривични дела.

 

04.10.2013 - 09:23

најчитано сега