Министерот Попоски ќе се обрати на форум во Дубровник

 

Шефот на македонската дипломатија Никола Попоски од вчера се наоѓа во Дубровник каде денеска ќе се обрати на форумот „Европска енергетска безбедност“.

Форумот оваа година е фокусиран на  енергетскиот сектор кој има се поголема улога во дефинирањето на политиката во 21-от век. На форумот ќе присуствуваат и првиот потпретседател на Владата и министер за надворешни и европски работи Весна Пусиќ, како и министрите за надворешни работи на Шведска, Турција, Унгарија, Латвија, Албанија, Црна Гора.

04.10.2013 - 09:17
Фото: 
Нетпрес

најчитано сега