Новата цена на горивата во вторник ќе ја дознаете на бензиска пумпа

 

Новите цени на горивата од вторник граѓаните ќе ги дознаваат на бензиските пумпи, оти трговците ќе ја формираат цената наместо тоа да го прави Регулаторната комисија за енергетика, информира „Плусинфо“. Нејзиниот мандат за утврдување на цените на дериватите истекува во понеделник на полноќ кога истекува договорот со ОКТА според кој функционираше старата методологија за утврдување на цената.

Од Регулаторната комисија за енергетика велат дека добиле уверување од трговците дека нема да се создаде ценовен шок и ќе се следат цените на светскиот пазар.

Претседателот на комисијата, Марко Бислимовски изјави дека новите измени на законот следната недела повторно се најдат пред Собранието, а потпис ќе треба да стави новиот претседател на државава, Стево Пендаровски.

 

Со новите измени на Законот за енергетика се предвидува Комисијата цената на горивата да ја утврдува еднаш седмично наместо на две недели.

Цената на горивата, според новата методологија, ќе се пресметува според движењето на цените на светските берзи и средниот курс на доларот, а во пресметката ќе бидат вклучени и трошоците на трговците за набавка, складирање и транспорт. Дополнително ќе се одреди и маржа за профит на трговците, но според регулаторите заработувачката ќе мора да биде разумна.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

11.05.2019 - 12:54

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега