Плачеше од среќа, а на прес по натпреварот новинар го изнервира Покетино, па тој стана и си замина (ВИДЕО)

 

Првпат во својата историја Тотенхем обезбеди пласман во финалето од Лигата на шампионите, па нормален беше големиот интерес на новинарите да прозборат со менаџерот на овој тим Маурисио Покетино.

Иако Покетино беше пресреќен на крајот од мечот и не можеше да ги сокрие солзите, еден од новинарите на прес конференцијата успеа да го изнервира и натера да си замине.

„Дали Хари Кејн ќе биде подготвен за финалето?“, праша тој, а Покетино само рече ЧАО и ја напушти салата.

Кејн се повреди во првиот четвртфинален натпревар од Лигата на шампионите против Манчестер Сити и повеќе од еден месец не е во составот на Тотенхем. Финалето е на програмата на 1 јуни во Мадрид.

 

 

 

 

 

Добивајте вести на Viber

09.05.2019 - 08:21

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега