Ховит му ветил на Ахмети целосна поддршка на Македонија

Првиот човек на Демократската унија за интеграција (ДУИ) Али Ахмети денеска во Брисел оствари средба со европратеникот Ричард Ховит, кој е известувач во ЕП за Македонија.

Како што информираат од ДУИ, на средбата Ахмети-Ховит се зборувало за извештајот на Комисијата за проширување на ЕУ, за напредокот на Македонија, како и околу координацијата на активностите по извештајот и до декемврискиот самит на Советот на Европа.

Лидерот на ДУИ ја нагласил потребата за мобилизација на сите институции на ЕУ како и потребата за координација на активностите со САД и НАТО во правец на конечната стабилизација на регионот и интеграција во НАТО и ЕУ. 

- Претседателот Ахмети побара директно вклучување на Брисел во процесот на постигнување решение како што се ангажираа и во дијалогот помеѓу Приштина и Белград, но и постигнувањето на договорот од 1 март во Македонија, информираат од ДУИ.

Ховит ветил дека нашата земја ќе добие целосна поддршка, од него и од пријателите на Македонија за европска перспектива на земјата. Тој истакнал дека локалните власти треба да им помогнат на пријателите во Брисел за да се постигне посакуваниот успех. Тој ја нагласил потребата за поголемо влијание во врска со дијалогот со медиумите и новинарите.

СПоред најавите од ДУИ, Ахмети денеска попладне ќе го посети и белгискиот Парламент каде треба да се сретне со претседателот на белгиската парламентарна комисија за надворешни работи Ксавиер Де Донеа.

Утре, делегацијата на ДУИ, во чиј состав се и Фатмир Бесими и Артан Груби, ќе престојува во Париз.

03.10.2013 - 15:38
Фото: 
канал 5

најчитано сега