Намирница која го лекува црниот дроб: Ги отстранува токсините и го прочистува организмот

 

Чистењето на организмот е препорачливо и пожелно во кое било годишно време. Ако додадете само еден производ во вашата исхрана, ќе постигнете максимален ефект и вашиот црн дроб ќе ви биде благодарен.

Се работи за кељот кој е најдобриот сојузник за детоксикација.

Детоксикацијата е потребна за да се елиминираат токсините од телото, односно продуктите на метаболизмот. Централниот орган што е задолжен за самостојна детоксикација на организмот е црниот дроб, па затоа најважно е да ја подобрите неговата функција преку исхраната.

Освен со правилна и лесна исхрана, богата со овошје и зеленчук, работата на црниот дроб ќе ја подобрите и со консумација на горчливи намирници, како што се рдоква, рукола, брокули, зелка и друг зелен зеленчук. Од сите овие, најголем ефект има кељот.

Кељот, како и другите зелјести зеленчуци, содржи високо ниво на сумпор, кој го поттикнува прочистувањето на црниот дроб и помага при отстранувањето слободни радикали и други отрови.

Пожелно е за време на интензивната детоксикација да внесувате што е можно повеќе од овој зеленчук, а најдобро е да го користите како состојка во смуди. Освен кељот, одлични сојузници се и водата, јајцата и црвениот грејпфрут.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

07.05.2019 - 15:22

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега