ВИДЕО: Судија прекина натѕпревар за да оди во тоалет
Несекојдневна ситуација се случи на дуелот помеѓу Чавез и Национал во португалскиот шампионат.
Помошникот судија на стартот на второто полувреме мораше да оди во тоалет, па го замоли главниот судија да го прекине натпреварот.
Но, тука не беше крајот, со оглед на тоа дека главниот судија по враќањето на теренот на шега му покажа црвен картон поради дополнително попречување на играта.
30.04.2019 - 11:21
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа