„Четврток“ на Манчевски стигна и до Германија и САД
Краткометражниот филм „Четврток“ на Милчо Манчевски ќе биде прикажан во кино-салите во Германија. По премиерата на фестивалот во Венеција, „Четврток“ е поканет да биде дел од програма на кусометражни филмови кои се прикажуваат како една целовечерна програма на кино-гледачите во Германија.
„Четврток“ ќе биде прикажан и на фестивалот во Сиракјуз, Њујорк.
Филмот, кој е американска продукција со Лора Ласи во главната улога, продуциран од Арон Левин и snimen од Уна Ли, беше прикажан во Венеција како дел од програмата „Future Reloaded“ во која беа поканети значајни автори од светската кинематографија да го одбележат јубилејното 70-то издание на фестивалот со краткометражни филмови на тема „Иднината на кинематографијата“. Филмот на Манчевски беше одбележан од критиката на фестивалот, а беше прикажан и на италијанската телевизија, на RAI Cinema.
Во меѓувреме, долгометражните фимови на Манчевски „Мајки“ и „Пред дождот“ ќе бидат прикажани во Филаделфија. Двата филма ја сочинуваат специјалната програма „Македонски филмски фестивал“, организирана од Универзитетот Темпл. Авторот ќе одржи предавање и разговор со публиката.
„Пред дождот“ е прикажан и на фестивал во Италија. Фестивалот се вика „Филмски фестивал социјална лабораторија“ и се одржува во грдот Асти.
03.10.2013 - 08:53