Дводневен саем на кариера и вработување во Прилеп

 

Во Центарот за култура „Марко Цепенков“ во Прилеп денеска е отворен првиот дводневен саем на кариера и вработување, проект на УСАИД „Мадинска мрежа“.

Саемот го отворија министерот за труд и социјална политика Диме Спасов, директорот на Агенцијата за вработување Влатко Поповски, Мајкл Сивејтнер, директор на Канцеларијата за демократија и образование при УСАИД и градоначалникот на Прилеп Марјан Ристески.

Спасов информира дека Министерството и Агенцијата за вработување спроведува повеќе владини проекти за вработување, некои со успешност и до 90 проценти. 

- Електронски, со апликации, електронски и СМС пораки ќе има информации, како линковско поврзување за сите огласи на фирмите и кои кадри ги бараат во Македонија, рече Спасов.

За директорот на Агенцијата за вработување Влатко Поповски многу е битен маркетингот. - Неопходен е маркетинг меѓу компаниите, образованието и Агенцијата за вработување во планирање на квотите за вработување. Всушност најголема обврска имаат работодавците да кажат кои кадри им се неопходни во процесот на производство. Без анализи не може да се решава долгорочно проблемот на невработеноста во земјава, изјави Поповски.

Според Наташа Булевска од УСАИД целта на проектот „Саем на кариера и вработување“  е да се види понудата на квалитетена работна рака.

- Преку панел дискусии ќе се поврзат младите кадри и работодавците за да се следи понудата и побарувачката на пазарот на трудот, вели Булевска.

ПСаемот ќе трае два дена. Во Центарот за култура се претставуваат малостопанствениците, а младите добиваат информативни флаери и можност да комуницираат со работодавците.  

02.10.2013 - 15:57
Фото: 
A1.on

најчитано сега