Фотографија која го воодушеви светот: Ја запознал на само 11 години- Меси и неговата Атонела како деца
Еден од најдобрите фудбалери на светот Лео Меси е познат по мирниот и семеен живот.
Од кога се знае за Меси, тој цел живот е со една девојка, а тоа е неговата сопруга Антонела Рокузо со која има три сина.
Тие двајцата израснале заедно, а сега познат аргентински магазин објави фотографија на која Меси има 11 години, а Антонела 10, на плажа во 1998 година.
[MARCA] | The unpublished and tender photo of Leo Messi and Antonela Roccuzzo in 1998
In this unprecedented photo revealed by El Diario La Capital de Mar del Plata, they were both children and they were enjoying the summer on a beach in Punta Mogotes, in January 1998. pic.twitter.com/3D8pYndg20
— BarçaTimes (@BarcaTimes) April 22, 2019
Меси со екипата која била дел од фудбалски турнир, имале слободен ден па отишле на плажа.Роднина на еден од неговите соиграчи бил таму со семејството, а едно од девојчињата кои биле со него била и неговата сегашна сопруга.
Две години подоцна Меси се преселил во Барселона, а после 7 години пристигнала и неговата Антонела...
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа