Дибиров: Со солзи ќе ја напуштам Македонија
Неколку дена по објавата на Сергеј Самсоненко за заминување од РК Вардар првите реакции стигнуваат од ракометарите.
Тимур Дибиров во интервју за „Брз Центар“ откри дека ракометарите биле изненадени од веста која им ја соопштил директорот Давор Стојановски.
„За заминувањето на Сергеј слушавме само шпекулации. Мислевме дека работите во клубот се одвиваат нормално. Бевме повикани на состанок до директорот Давор Стојановски, кој ни соопшти дека проектот завршува на крајот од сезоната. Не можеме ништо да направиме, Сергеј сигурно има свои причини за ова што се случува, тоа не е наша работа да е мешаме. Тешко ќе ми биде да ја напуштам Македонија. Сигурно тоа ќе биде со солзи. Тука поминав многу убави моменти. Вардар секогаш ќе биде нешто што ќе биде дел од мене“, рече Дибиров.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа