Ако биде многу ладно во Скопје грејната сезона ќе започне порано

 

 

Според информациите на весникот, доколку надворешната температура во 21 часот е 12 степени целзиусови или пониска, тогаш парното ќе започне да грее и пред 15 октомври.

Потрошувачите на топлинска енергија од општините Карпош, Аеродром, Кисела Вода, Центар и дел од Општините Чаир и Гази Баба, веднаш да ги завршат сите интервенции на внатрешната инсталација и тоа да го пријават во диспечерскиот центар на "Дистрибуција на топлина - Балкан Енерџи" на телефонскиот број 3076-200. Истовремено да обезбедат и постојано напојување на топлинската станица со електрична енергија, односно да имаат платени фактури за електрична енергија, како и исправна електрична инсталација до топлинската станица, се барањата од страна на  "Дистрибуција на топлина - Балкан Енерџи" до нивните потрошувачи пред стартот на грејната сезона.

Според Александра Маројевиќ, управител на "Дистрибуција на топлина - Балкан Енерџи" ДООЕЛ Скопје, на дистрибутивната мрежа чиј оператор е нивната дистрибуција, приклучени се 3.100 објекти со вкупна моќност 450 мега/вати, односно 54.652 потрошувачи, пренесе Вечер.

Инаку, а почетокот на грејната сезона е уреден со Правилата за снабдување со топлинска енергија донесен од Регулаторната комисија за енергетика, но може да започне и порано ако доколку во три последователни денови во периодот од 28 септември до 15 октомври, надворешната температура во 21 часот е 12 Целзиусови степени или пониска од тоа.

02.10.2013 - 10:00
Фото: 
економски.мк

најчитано сега