Седници на две собраниски комисии

 

Денеска во македонското Собрание седници ќе одржат комисиите за надворешна политика и за земјоделство, шумарство и водостопанство.

Комисијата за надворешна политика ќе ги разгледа Предлог законот за ратификација на Договорот помеѓу Владата на Република Македонија и Владата на Федеративна Република Бразил за соработка во областа на образованието, Предлог законот за ратификација на Договорот помеѓу Република Македонија и Аргентинската Република за размена на информации за даночни прашања, Предлог законот за ратификација на Спогодбата меѓу Владата на Република Македонија и Владата на Република Косово за отворање на нов заеднички граничен премин наменет за меѓународен патен сообраќај меѓу двете земји „Белановце-Станчиќ“, како и Предлог законот за ратификација на Договорот меѓу Владата на Република Македонија и Владата на Република Турција за основање и за активностите на културните центри.

Комисијата за земјоделство ќе ги разгледа Предлог законот за изменување и дополнување на Законот за земјоделското земјиште и Предлог законот за изменување и дополнување на Законот за пасиштата, двата во прво читање.

02.10.2013 - 09:51

најчитано сега