Македонска пијанистка со концерт пред публиката во Њујорк

Македонската пијанистка Дуња Иванова утревечер ќе одржи концерт во Македонскиот културен центар во Њујорк.

Македонката утре пред публиката во Њујорк ќе се претстави со дела од современите композитори Лудовико Еинауди и Филип Глас, кои првпат ги изведе на солистички концерт на годинашното Скопско лето.

- Њујорк е несомнено градот во кој нештата во ниту еден момент не стивнуваат. Деновиве пред концертот ме инспирираат поинакви доживувања. Со пријатна возбуда го чекам 3 октомври кога во Gallery MC на Менхетен и јас ќе ја добијам шансата на овој нескротлив град  да му подарам дел од себе. Еинауди и Глас се автори кои на ова тло и тоа како се популарни, па очекувам дека публиката ќе умее да ужива и во мојата интерпретација, изјави Иванова. 

Дуња досега настапувал во Париз, во Рагуза, Сицилија, на Сараевска зима, и на домашните манифестации Охридско лето, Музика вива, Денови на македонска музика, Скопско лето... Автор е на книгата „Естетското доживување на музиката“.

02.10.2013 - 09:40
Фото: 
макденес

најчитано сега