Готово е: Ракитиќ си заминува од Барса, а веќе се знае и неговиот нов клуб
Се погласни се шпекулациите дека Иван Ракитиќ на крајот на сезоната ќе ја напушти Барселона.
Италијанските медиуми пренесуваат дека Хрватот веќе донел одлука да го напушти „Камп Ноу“ и кариерата најверојатно ќе ја продолжи во Серија А.
Веќе подолго време Ракитиќ се поврзува со трансфер во милански Интер, но „Газета дело Спорт“ ексклузивно пренесува дека плејмејкерот веќе се договорил со Јувентус.
Ракитиќ е еден од омилените играчи на тренерот на Барселона, Ернесто Валверде, меѓутоа конкуренцијата во името на Френки Де Јонг ќе го услови Хрватот на трансфер.
Интерес за Ракитиќ покажуваат уште Интер и Манчестер Јунајтед, но „Газета дело Спорт“ тврди дека Хрватот веднаш ја прифатил понудата на Јувентус и преферира преселба во Торино.
„Јувентус го контактирал Ракитиќ и тој прифатил да се пресели во нивните редови“, пишува „Газета“.
Барселона сигурно не плаќа 80 милиони евра за фудбалер кој ќе добива шанса привремено, а Ракитиќ веројатно не би сакал да биде резерва во неговите последни години од кариерата кога може да игра фудбал на највисоко ниво.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа