Прифатени измените на Законот за трговија и Законот за вработување странци

 

Во продолжението на 72 седница денеска беа прифатени измените на Законот за трговија и измените на Законот за вработување на странци, двата во прво читање.

Опозицијата оцени дека има позитивни одредби во законот, но забележа оти казните за фирмите се превисоки. Стојко Пауновски од СДСМ посочи дека како мерка се укинува едукацијата, а наместо неа се зголемуваат глобите со кои се сака да се наполни буџетот, на што заменик-министерот за економија Христијан Делев ја отфрли тезата на Пауновски дека Владата казнува за да го наполни буџетот, притоа појаснувајќи дека поголем дел од изречените казни се мандатни.

Во второ читање беа проследени и измените на Законот за вработување на странци.

Расправата по останатите точки од дневниот ред продолжува по редовната едночасовна пауза.

01.10.2013 - 14:21

најчитано сега