Влезе во легендите: Пандев ја удри „стотката“ за Македонија

 

Најдобриот македонски фудбалер Горан Пандев, вечерва, на Националната арена „Филип Втори“ на мечот со Летонија го игра 100-от настап во дресот на А репрезентацијата.

По тој повод „Гранде Пандев“, доби признанија од Фудбалската федерација на Македонија (ФФМ) и Европската куќа на фудбалот (УЕФА), а претходно капитенот на „црвено жолтите“ доби специјален подарок од соиграчите.

Пандев во „клубот 100“ му се придружи на Гоце Седлоски кој моментално е во тренерските води.

Новиот „мистер 100“ дебитираше минатата деценија, а низ годините носеше огромна радост со своите погодоци.

Пандев е најдобар стрелец во македонската фудбалска репрезентација со 33 погодоци.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

21.03.2019 - 23:00

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега