„Оро без граници“ во Скопје

 

И оваа година по 22.пат Детскиот културен центар „Карпош“ ќе го организира најсатариот  Меѓународен детски фолклорен фестивал „Оро без граници“.

Фестивалот свечено ќе биде отворен во 18 часот на платото пред црквата „Св. Климент Охридски“ и ќе трае од 2 до 6 октомври. Потоа од црквата ќе тргнат сите учесници во фолкорното дефиле и ќе се движат низ улиците на Скопје. Кај Камениот мост во 19 часот ќе почне фестивалскиот концерт.

Гости на „Оро без граници 2013“ се групи од Србија, Украина, Русија, Словенија, Босна и Херцеговина и 10 домашни ансамбли. Според фестивалската програма, на 3 октомври во 17 часот е предвидена фолклорна литургија во црквата „Св. Климент Охридски“.

 

30.09.2013 - 15:53
Фото: 
Нова Македонија

најчитано сега